Мини вештачка карпа за анимирање на дечињата доби Општина Штип, донација од приватна компанија

Мини вештачка карпа, за анимирање на најмладите, кои што се дел од велосипедско пешачката патека, денес беше донирана од приватна компанија, во соработка со Општина Штип, кои имаа можност да соработуваат во изминатиот период. Градоначалникот Иван Јорданов за медиумите истакна ваквата донација е во вредност повеќе од еден милион денари и за истата претставуваше големо задоволство за да се соработува со претставниците.

“Навистина ми е задоволство што денес имавме можност со претставници од ауто-Македонија да ја примиме донацијата по форма на содржина која што е создадена поставена на велоспиденсо-пешачката патека покрај река Брегалница. Станува збор за една мини вештачка карпа, која што ќе ги анимира пред се најмладите кои што се дел од велосипедско пешачката патека, секојдневно рекреирајки на овој подег. Навистина ми е задоволст во што во соработката што како локална самуправа ја имаме со ауто македонија еве вроди за оваа донација, која што е во вреднос повеќе од еден милион денари.“, истакна Јорданов

Јорданов посочи дека нема да застанат соработките со компаниите, а во иднина ќе се соработува и со други, кои што се општествено одговорни и ќе донираат за јавен интерес и за создавање дополнителни содржини на градот под Исарот.

“Се надевам дека нема да застанеме со нашата соработка, не само со ауто Македонија, туку и со други компании кои што се општествено одговормни и кои шжто се надевам дека ќе донираат за јавен интерес и за создавање дополнителни содржини на нашиот град во интерес на граѓаните.

Со ваквата донација, ќе се овозможни поголема забава за дечињата, но и поголема дружба, имајќи во предвид дека истата ќе биде достапна за нив на патеката во Штип.

Лаура Стојанова, М-Нет