
Кравјо и овчо сирење, домашно произведено, постојано се нуди на граѓаните во Кочани. Ама побарувачката е слаба велат оние кои го произведуваат. Слободан Никовски од Берово вели дека за него преставува задоволство да произведе квалитетно домашно ситење, но загрижува фактот што се помалку истото се купува. Главна причина за ваквата ситуација е вели што млади нема, а повозрасните не купуваат.
„Сирење има, побарувачката е на многу ниско ниво. Нема луѓе, нема кој да купува, сите се надвор од Македонија. Јас на овој пазар сум 40 години, добро беше, ама сега се надолу оди.“ – вели Никоваки.
Дека ситуацијата е навистина алармантна потрвдрува и Нада Манасиева од село Грдовци. Граѓаните купуваат од маркети, па кај нив побарувачката е сведена на минимум. А работа има вели многу, па не е исплатливо да се произведува, а никој да не купува.
„Побарувачката е многу слава, а луѓето купуваат и од маркетите. Цената на урдата е 250 денари. Не е исплатливо да се работи и да се продава“ – вели Манасиева.
Произведувачите на сирење, урда и млечни производи децидни дека нема млади кои ќе продолжат со одгледување на стока и производство на сирење. На тој начин сирење ќе може да се купува само од маркетите.
Лаура Стојанова М-Нет