Промовирана книгата „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“ од Бранислав Светозаревиќ

Промовирана книгата Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име, од авторот Бранислав Светозаревиќ Покрони. Книгата е пишувана во временски рок од пет ипол месеци, за време на ковид пандемијата. Како што вели самиот автор, книгата се промовира трета година по ред, во десетина земји во Европа, а во Штип беше по повод 80 години од ослободувањето на градо

„Кога бевме нападнати од две страни, нападот од пандемијата и идентитетскиот напад на името, во тие тешки моменти јас се одлучив она што го собирав за своја душа, овие документи од 34 држави во светот, од Аргентина до Јапонија и од Австралија до Канда конечно да ги ставам на едно место“ – вели Светозаревиќ.

Мотивот за книгата беше еден и единствен вели тој. Во неговите над 30 години како се занимава со историјата немало интегрелна студија за името македонци и ова е поттикот да ја напише неговата нова книга.

За Светозаревиќ ова е 15 издадена и промовирана книга.

Лаура Стојанова М-Нет