
Вардар го доби дури четвртиот тренер во тековната сезона од Првата лига, откако клубот вчера спогодбено се раздели со Срѓан Захариевски, сега на негово место е назначен Гоце Седлоски.
50-годишниот стратег по вторпат ќе го води Вардар, а во својата тренерска кариера има работено како асистент и привремен селектор на Македонија, го водеше Хоризонт Турново, Вардар, беше дел од Рига, Широки Бријег, го водеше и вториот тим на Динамо Загреб, Влазниа во Албанија, Шкупи и Работнички во македонскиот шампион.
Вардар е на дното од табелата со осум бодови, односно последен и се наоѓа во зоната за директно испаѓање во Втора лига. Своето второ деби Седлоски на клупата на Вардар ќе го има в сабота против Шкупи на домашен терен, а во рамки на 14. коло.
Вардар сезоната ја започна со Горазд Михаилов, потоа кратко дојде Горан Петрески, по него Срѓан Захариевски, а сега и четврто тренерско решение односно Гоце Седлоски, но Вардар и натаму е на дното.
Александар Ванев, М-Нет