Православните христијани денес ја одбележуваат Митровденска задушница

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Граѓаните на Штип за М-нет телевизија велат дека , најважно е да понесе свеќа, леб, вино и пченица, а останато кој колку има. Додаваат дека пожелно е да се повика и свештено лице, но може и сами со палење на темјан. Ваквото практикување според граѓаните е за да се назначи изреката „ да почиваат во мир“

“Денеска се оде на гробишта, што си имате, ама најбитно е лебот, пченицата и винто. Свеќичка да запалете. Ако имаш желба да го викнеш попот добро, ако не темјанче ќе си запалеш, да се поткадат умренте. Ќе измиеш, ќе си поседеш. Што сте однеле раздадеш, ако не на пример ние се јадовме, сестра ми, зет ми и јас и тоа.”, велат граѓаните

“Да се запале запале свеќа, да се потсетат умрените. Раздавам си дома, тука само свеќа.“, велат граѓаните

Ваквиот ден за граѓаните од една страна буди сеќавања, а од друга страна и носталгија, потсетувајќи се на нивните убави моменти.

“Јас од сабајле си велам дали да одам, дали не, ама нешто како да ме тераше да дојдам.”, велат граѓаните

Инаку, Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви.

Лаура Стојанова, М-Нет