Со солзи во очите и неизмерна болка, родителите на убиената 29 годишна штипјанка тагуваат за своето чедо

„Ми отепаа златна ќерка, оваа болка не ја посакуваме на никого“. Со скршено срце и неизмерна болка, родители на убиената 29 годишна штипјанка Емилија Пешева, тагуваат за својата ќерка. Велат дека во неколку наврати убиецот ја малтертирал и и се заканувал на убиената, пред да го избрши вчерашниот злостор. Додаваат дека на ваквите злочини треба да се стави крај, бидејќи како што велат денеска е нивната ќерка, но зад утре може да бидат и другите деца.

“Казната, смртна на такви болни луѓе, а не да се шетаат по градот слободни. Сакаше многу да се друже и затоа правеше се за да им угоди на сите, за да ја сакаш. Сакајќи да се друже, еве има луѓе психопати, кои што ја искористија, а брзата помош неколку пати ја донесуваше тепана. Очите сакаа да ги вадат. Jас не дека сакам да се ослободам он нејзе, ние сме сите мајки сите ние си ги сакаме нашите деца, не дека не ги сакаме, нека слушнат сите социјално, полиција, сите, бидејќи и тие се родители, а за такви луѓе како него има ги многу, да ги приберат, или смртна казна, или во Бардовци нека си лежат. Денеска моето, утре другите, бидејќи секој ден ќе си има жртви, со тепање, убивање, силување.”, истакна мајката

Со голема болка пред камерите на медиумите се обиде да дораскаже и таткото на убиената, истакнувајќи дека убиецот не бил маж на нивната ќерка, а тој во народот го соопштувал спротивното.

“Знаеме дека излеваше она, излегуваа разговараа, ама ја имаше тепано. Години, тој беше затвопрен седум,осум години. Сега ако е излезен на слобода, па неколку месеци е одел со нејзе. Тој не и е маж на нејзе, а тој велел дека и е, а тоа не е точно. И јас не знам дали е задавена или е заклана, на нас никој сеуште не ни е рекол. Порано само детето Господ ми го спаси, може би шест илјади евра сум дал по Скопје, сиромав, одивме, дававме, ама ја спасија, детето остана живо. A тука сега со овој, тој сигурно се е заканувал, ама таа ништо не ни кажала.”, додава таткото

Во согласност со ситуацијата, според првичните информации од МВР убиството се случило околу 20.15 часот , а убиецот Ф.З. (25) од Штип пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип. Од страна на полициски службеници телото било веднаш пронајдено. Во тек е увид на местото на настанот во присуство на дежурен јавен обвинител“. Телото на починатата жена е предадено на обдукција, а според информации на М-НЕТ телевизија убиецот е поранешен осуденик.

Лаура Стојанова, М-Нет