
Петочен пазарен ден пред задушница на пазарот во Штип. Особена побарувачка овој петок имаше на зеленчукот, од оние кои што сеуште приготвуваат зимница за предстојната зима. Продавачите задоволни согласно побарувачката и велат дека цените се идентични како и претходниот петок. Според сушното лето и есен, додаваат дека е добро што воопшто има производи на нивните тезги.
“Па цените се речиси стандардни. Крушката 80, јабука 35, магданосот 30 денари, зелката 50 килото, компирот 35, празот 50 денара. Цените мислам дека се слични како претходниот пазар.“, велат продавачите
Според купувачите цените речиси скапи, па заклучно со денешните примања велат дека треба да внимаваат што ќе се купува.
Инаку, овој петок исто така започна сезоната и за продажба на праз, кој што се движеше под цена до 350 денари. Согласно сушниот период и фактот дека оваа есен има многу слаби врнежи од дожд, производители се децидни дека ќе има тешка зима.