Бафто ќе ја дели правдата меѓу Македонија ЃП и Брегалница, Младеновски ќе им суди на Борец и Вардар Неготино

ФОТО: Телевизија М Нет

В сабота на програмата ќе бидат натпреварите од 11. коло од Втората лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на истите натпревари.

Дејан Младеновски ќе им суди на Борец и Вардар Неготино, Фатмир Бафто ќе ја дели правдата на дербито меѓу Македонија ЃП и Брегалница, Дарко Котевски ќе им суди на Арсими и Детонит Плачковица.

Владимир Ѓорѓиевски ќе ја дели правдата меѓу Беласица и Кожуф, Александар Урошевиќ на Охрид и Скопје, Кирил Смоковски ќе суди во Куманово каде ќе играат Башкими и Осогово, Марјан Дејаноски ќе им суди на Победа и Вардарски, а пак Александар Василевски на Новаци и Каменица Саса.

Александар Ванев, М-Нет