
Од понеделник четврти ноември хотел “Mанастир,, Берово продолжува да функционира во нормалени услови. Според првичните информации од комплексот известија дека од понеделник добредојдени се сите да уживаат во традационалната понуда и срдечна услуга. Велат дека по самиот пожар кој што избуцна на 27 октомври во дел од ресторанот, направениот увид за штетата е мал и за среќа истиот е успешно локализиран со помош на брзата реакција на единиците и сите заинтересирани. Додаваат дека сите делови во комплексот се во одлична функција како: сместувачките капацитети, кујната, вториот дел од ресторанот, терасите, СПА центрите и паркот и топло ги покануваат сите кои што сакаат да го посетат да повелат, а тие се подготвени да понудат гостопримство и високо квалитетна услуга по која тие се претпознатливи. Особена благодарност упатуваат кон противпожарни единици Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Кочани, Струмица кои со голема професионалност овозможија хотелот и понатаму да биде дестинација за сите кои што бараат одмор и уживање.