
Денес на М Нет телевизија можевте да го проследите мечот меѓу Кожуф и Арсими каде во првиот дел паднаа по еден гол. Шефити погоди за водство на Арсими, а пак Најдовски со фантастичен гол за 1:1 на полувреме.
Во вториот дел Кочев не реализираше пенал, а шанси имаа и двете екипи, 1:1 беше конечниот исход.
На М Нет Спорт го следевте мечот меѓу “фенерџијата” Вардарски и фаворитот Башкими каде гостинскиот тим беше пресилен и однесе победа од 0:3 која беше најавена на полувреме кога Башкими имаше 0:3. Алији, Саити и Хамза погодија за фаворитот.
Дербито се играше во Радовиш каде се соочија Детонит Плачковица и ланскиот прволигаш Македонија ЃП заврши без победник и без голови (0:0).
Разнишаниот Вардар Неготино се соочи со Новаци каде домаќинот победи конечно со 3:1.
На полувреме домаќинот имаше предност од 2:1, кога Најдов погоди за 1:0, а Стојчев израмни. Потоа преку повратникот Неделков домаќинот имаше 2:1 на полувреме. Во вториот дел Младеновиќ ги постави конечните 3:1.
Саса беше домаќин на Победа каде домаќинот однесе триумф од 4:1.
“Рударите” преку Симевски дојде до рана предност од 2:0, а Талески погоди за 2:1 на полувреме. Во вториот дел Ќосески и Ајрули ги поставија конечните 4:1.
Осогово излез од резултатската криза бараше против одличниот Охрид, но не ја најде, одново загуби со 0:2. За охриѓани погодија Дишлиевски и Парталко во вториот дел.
Скопје се соочи со Беласица во дуел на два поранешни прволигаши каде струмичани славеа со 0:2. Капсаров и Стојанов беа стрелци за Беласица.
Брегалница на домашен терен во Штип како голем фаворит играше против Борец каде сините на Сенев беа пресилни за велешани кои се втурнаа во подлабока резултатска криза откако беа поразени со 4:0.
На полувреме Брегалница имаше 3:0 откако Кристијан Јордановски си постигна автогол, а потоа погодија Димитриевски и Абази. Во вториот дел Абази со втор гол ги постави комечните 4:0.
Александар Ванев, М-Нет