
Изгаснат пожарот кој вчера избувна во хотел „Манастир“ во Берово. Со противпожарни возила на терен излегле пожарникари од Берово, противпожарни служби од Кочани, Струмица, како и од доброволното противпожарно друштво од Пехчево. Во самиот хотелски комплекс пожарот успеал да зафати дел од летната тераса, предизвикувајќи голема материјална штета, но за среќа истиот бил спречен да се прошири во собите на хотелот. Од голема важност како што велат од противпожарната единица Берово е што нема повредени гости, ниту персонал, затоа што биле навремено евакуирани. Според првичните информации, се уште не се знаат официјалните информации за обемот на пожарот и за евентуалната причинета штета, но според надлежните истиот е настанал од скарата во кујната.
Лаура Стојанова, М-Нет