
Штипскиот клуб Ултра викендот со 20 членови зеде учество на трката „Гратче Траил“ во Кочани каде забележа големи успеси.
Претседателот на клубот Тони Манев, за М Нет телевизија истакна дека е задоволен од прикажаното и освоените високи места, како прво и второ место во машка конкуренција, прво место во женска конкуренција, но и други високи пласмани.
Благој Велесинов беше прв на 12 километри, Ибраим Мамудов беше втор, а пак на 30 километри во женска конкуренција Ангела Величкова беше прва.
Првата трка била на 12 километри со 600 метри елевација, а пак втората трка од 30 километри со околу 1300 метри елевација. Овој спортски настан го организираше осоговски Орел кој воедно го прослави својот прв роденден како клуб.
Веќе во недела штипска Ултра ќе земе учество на нова трка, овој пат меѓународна трка од 20 километри во Грција, а годината ќе биде завршена со штипската трка Струмина.
Пред членовите на Ултра има уште две трки со кои ќе ја завршат успешно 2024 година на спортски план.
Александар Ванев, М-Нет