
Брегалница во претходно коло ремизираше во Радовиш, а денес против Вардар Неготино бараше враќање на победничките патеки, на патот кон експресен камбек во Првата лига. Натпреварот можевте да го следите во живо ексклузивно само на М Нет телевизија, а исходот беше победа за Брегалница од 2:0 со головите на Галевски и Фејзулаи со што тимот од Неготино влезе во длабока резултатска криза.
Дербито на колото го одиграа ланскиот прволигаш Македонија ЃП и Кожуф од Гевгелија каде “лавовите беа подобри со 3:0. Славков погоди за 1:0, а потоа Христов и Софијаноски ги поставија конечните 3:0.
Арсими на домашен терен играше против екс прволигашот Скопје каде немаше победник и голови (0:0).
Во Велес се соочија екипите на Борец и Детонит Плачковица од Радовиш каде исто така немаше голови и победник (0:0).
Башкими на домашен терен ја пречека Каменица Саса каде забележа победа од 2:1 над рударите. За домаќинот кој беше фаворит погодија Сулимани и Саити, а за Саса стрелаше Симевски.
Во Струмица втора сезонска радост бараа Беласица и Осогово, во меч каде струмичани со голот на Милушев дојде до 1:0.
Победа на домашен терен играше регионално дерби со Новаци кое го доби со 1:0 со голот на Јошески.
Охрид на домашен терен го пречека „фенерџијата“ Вардарски кој на „Билјанини Извори“ допатува со новиот стратег Ѓоре Јовановски, а исходот беше 3:0 за домаќинот со двата гола на Дуков и голот на Парталко.
Александар Ванев, М-Нет