Нема внес и изнес на живина во и од ЗОО паркот Бриони во Штип со цел заштита од птичји грип

Преземени се сите неопходни мерки и активности за претпазлвост во штипската зоолошка градина, откако болест се појави во скопската. За сега нема простор за паника, вели Зоран Божиков, кој е вработен ветеринар. Не се внесуваат животни од надвор и постојано се следи ситуацијата на живината дециден е тој.

„Ние сме во постојана комуникација со инспекторите од АХВ, извршена е проценка на ризик и епидемиолошки испитувања во врска со болеста и врз основа на правилникот на мерки за заштита и сузбивање на болести констатирано е дека нема потреба од формирање на други зони за забрана. Само што дознавме дека има случај на птичиј грип во Скопје, зголемено е нивото на хигиена и забрането е внес и изнес на сѐ што е во врска со живина и птици“ – вели Божиков.

Вирусот се пренесува брзо и лесно преку допир, и има висока стапка на смртност. Во ретки случаи вирусот може да се пренесе и кај човекот. Затоа бурно се следи живината во ЗОО паркот Бриони во Штип, со цел да не се појави птичијот грип и овде.

„Вирусот е високо патоген, високо виролентен, се пренесува многу лесно од животно на животно, при директен контакт. Постојат ретки ситуации во кои може да се пренесе и на човекот. Висрусот предизивикува не само здравствени проблеми туку и големи економски проблеми бидејќи според некои статистики дека за 48 до 72 часа смртноста може да достигне до 100%. “ – додава Божиков.

Бројот на живина во штипската зоолошка градина постојано варира, но има околу 40 кокошки, шатки, патки и слично.

Лаура Стојанова М-Нет