Штипската тенисерка Мила Ушинова освои прво место на отвореното првенство за јуниорки до 12 години

Во период од 19. октовмри до 22. октомври годинава во фан тенис клуб Скопје се одржа отворено првенство за јуниорки до 12 години на кое зедоа учество 32 девојчиња со што овој спортски настани беше најмасовен турнир во годината.

На отвореното првенство за јуниорки до 12 години прво место освои младата штипска тенисерка Мила Ушинова, која е член на тенискиот клуб Астибо од Штип. Во финалето Ушинова беше подобра од Ведрана Таневска од ТК Охрид со резултат 6:3 и 7:6 со 7:3 во поени во тај брејкот.

Во големото финале Ушинова стигна откако славеше во четвртфиналето над третата Елиза Муртезани и во полуфиналето над втората по ранг Јована Атанасовска и двете тенисерки од ТК Југ од Скопје.

Ова беше последен турнир во 2024 година и со досегашните резултати Ушинова веројатно ќе избие на првото место на најновата ранг листа. Следи пауза во ноември, а потоа од декември ќе стартува новиот каледнар со зимски затворени турнир во сала, а со тоа ќе започнат и новите предизвици.

Александар Ванев, М-Нет