
Екипите на Вардарски, Борец, Осогово и Вардар Неготино се во големи резултатски кризи, а викендот во рамки на 9. коло од Втората лига очајно ќе бараат победа и три бодови.
Како што претходно најави М Нет екипата на Вардарски од Богданци доби нов тренер, Ѓоре Јовановски седна на тренерското столче, а целта на искусниот стратег ќе биде опстанок со Вардарски, кој е повратник во Втората лига после 27 години.
Вардарски е единствениот второлигаш без победа, а викендот ќе гостува на „Билјанини Извори“ против Охрид каде ќе има тешко гостување, но ќе мора да најде начин конечно да се израдува на три бодови и да фаќа приклучок за опстанок, бидејќи вака е закован на дното со две ремија и шест порази, од кои пет последователни.
Борец се врати во Втора лига, но сезоната ќе биде сведена на тешка борба за опстанок, ако гледаме според досега одиграното велешани ги очекува тешка сезона. Една победи и едно реми со шест порази и четири бодови на своето конто за претпоследно место на табелата.
В сабота на домашен терен ги очекува тежок меч со одличниот Детонит Плачковица, па ќе биде исклучително тешко за Борец, каде само трите бодови се опција за излез од резултатската криза.
Осогово во Струмица против Беласица ќе бара втора победа и три бодови за излез од резултатската криза и барем на момент да се одлепи од опасната зона. „Жетварите“ минатата сезона во последното коло се спасија и останаа во Втората лига, веројатно не ја научиле лекцијата од минатата сезона, па и по осум кола во Втората лига и натаму се во долниот дел и ќе мора да работат на тоа да се освојуваат бодови со цел полесна пролет.
Три бодови и второ сезонско славје ќе бара и Вардар Неготино во Штип против Брегалница. Минатата сезона второлигашот од Неготино имаше одлична сезона, но годинава не игра според посакуваното и со една победа, две ремија и пет порази е на 13-тото место со пет бодови на своето конто. Во Штип ќе биде тешко за Вардар Неготино, но потешко од тоа да се бара опстанок во последните кола и ќе нема, па затоа и ќе мора да се добиваат бодови и против фаворити.
За неколку колку ќе се направи појасек пресек кои екипи ќе бидат во средината, а кои ќе се борат за опстанок, но и кои ќе водат трка за Прва лига, а до тој пресек од неколку кола, секоја екипа ќе сака победи и три бодови, а веќе од сабота започнува посериозната работа.
Александар Ванев, М-Нет