Ѓоре Јовановски седна на тренерското столче на Вардарски

Ѓоре Јовановски е нов тренер на второлигашот Вардарски од Богданци, откако Васе Беќаров си поднесе оставка.

68-годишниот искусен стратег со новиот клуб ќе има една цел, а тоа ќе биде опстанок во Втората лига, а своето деби ќе го има в сабота на „Билјанини Извори“ против Охрид.

Вардарски по осум кола е единствениот второлигаш кој нема триумф, со два бодови односно две ремија и шест порази.

Јовановски во минатото како шеф на стручен штаб имаше работено со Беласица, Шкендија, Брегалница, Металург, Милано, Работнички, Вардар, Кожуф од Гевгелија, Јовановски работеше и во турскиот прволигаш Самсунспор, како и во бугарски шампион ЦСКА Софија, а беше и во Саудиска Арабија.

Александар Ванев, М-Нет