
В сабота на програмата ќе бидат натпреварите од деветтото коло од Втората фудбалска лига, коло кое може да донесе нови промени на табелата, со оглед на тоа што има неколку интересни средби.
Дербито на 9. коло во Втората лига ќе биде во Ѓорче каде ланскиот прволигаш Македонија ЃП ќе биде домаќин на Кожуф од Гевгелија. Лидерот против одличниот гостин од Гевгелија кој игра допадлив фудбал и сака од втор план да се вмеша во трката за влез во Прва лига.
Башкими на домашен терен како фаворит ќе ја пречека Саса во натпревар каде домаќинот силно ќе атакува на целиот „плен“ со што може да дојде и од првото место, ако конкурентите „киснат“, а од друга страна Саса би можела и со бод да биде задоволна.
Во Струмица не’ очекува неизвесен натпревар меѓу Беласица и Осогово две екипи кои бараат втора сезонска победа, бараат три бодови со цел да фаќат приклучок кон средишниот дел од табелата, но воедно и да направаат сериозна бодовна разлика во однос на опасната зона.
Борец е во голема резултатска криза запиша една победа и одново влезе во резултатска криза и месец дена нема триумф, а веќе в сабота на домашен терен ќе игра против Детонит Плачковица. Овие две екипи одново ќе се соочат на истиот терен, откако претходно играа во Купот на Македонија, каде радовишани со голот на Оливер Христов обезбедија следна фаза совладувајќи го Борец со минимални 0:1. Само три бодови се опција за Борец, се друго ќе биде голем неуспех за велешани.
Брегалница по ремито во Радовиш в сабота на домашен терен ќе бара враќање на победи против Вардар Неготино, екипа која е во резултатска криза и не знае за триумф од првото коло. Брегалница повеќе од јасно ќе биде фаворит и тоа голем фаворит, но оваа фаворитската улога ќе треба да биде оправдата со добар фудбал, добра тактика, доминантна игра, но и сигурна победа, бидејќи досега штипските „сини“ запишуваа победи со минимални разлика, а неизвесност до самиот финиш. Вардар Неготино е во голема резултатска криза, нов пораз во Штип за нив може да значи и спуштање во опасната зона на табелата и со тоа да водат тешка борба за опстанок.
Охрид со четири пбоеди во низа се проби до шесттото место на табелата кое го дели со Детонит Плачковица со по 13 бодови, а оваа сабота Охрид на домашен терен ќе бара петта победа во низа против „фенерџијата“ Вардарски од Богданци, каде охриѓани ќе бидат апсолутни фаворити за трите бодови, кои доколку бидат освоени тогаш Охрид може да очекува прогрес и до петтото место на табелата.
Победа конечно се израдува на триумф после серијата лоши резултати, а в сабота на домашен терен ќе бара три бодови против одличниот Новаци со што во таков случај прилепчани би можеле да дојдат до средината од табелата, а Новаци доколку дојде до позитивен исход ќе може да прогресира до шесттото место. Токму тоа е императивот за трите бодови на двете екипи.
Александар Ванев, М-Нет