Слога Виница и Големо Коњари со солидна бодовина залиха, неизвесно во Југозапад, Запад и Север!

Слога Виница е единствениот третолигаш кој има максимални бодови на своето конто, во Трета лига – Исток овој третолигаш е лидер на табелата со 18 бодови, откако запиша шест победи од шест натпревари. На второто место е Овче Поле со 13 бодови, а пак Хоризонт Турново е трет со 11 бодови, додека пак Брегалница од Делчево е четврта со 10 бодови.

Во Трета лига – Југ лидер на табелата е Големо Коњари кој на седум одиграни натпревари има скор од шест победи и еден пораз и со 18 бодови е на врвот од табелата пред Венец кој е втор со 13 бодови.

Во Трета лига – Запад ланскиот шампион Влазерими и ланскиот второлигаш Тетекс го делат првото место со по 13 бодови на своето конто со скор од четири победи, едно реми и еден пораз. На делба на третото место се Дрита и Доброште со по 10 бодови.

Во Трета лига – Југозапад екипите на Преспа и Евротип го делат првото место со по 13 бодови со тоа што тимот од Ресен има скор од четири победи, едно реми и еден пораз, а пак битолчани имаат четири победи и два порази.

Ланскиот шампион Кораби е трет со 11 бодови, а пак Сатеска е четврта со 10 бодови.

На Север лидер Шкендија од Арачиново со 16 бодови и скор од пет победи и едно реми, а зад лидерот е Беса Влазрими како втора со 15 бодови, додкеа пак Еуромилк ГЛ е трет со 14 бодови, колку што има Фортуна која е четврта.

Шампионите во петте третолигашки регион на крајот од сезоната заедно со екипата која која ќе биде на 14-тото место во Втора лига играат бараж за влез во Втората лига, победниците ќе бидат нови второлигаши, а поразени остануваат во Трета лига.

Александар Ванев, М-Нет