Реми на Еуромилк ГЛ и Шкендија Арачиново која и натаму е лидер, Беса Влазрими се вмеша во горниот дел од табелата!

Големото дерби меѓу поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ и амбициозната Шкендија Арачиново заврши без победник со по еден гол за конечни 1:1 во меч на 6. коло од Трета лига – Север, а кој меч можевте да го следите на М Нет телевизија.

Шкендија го први првиот гол во новата сезона и го запиша првото реми, но и понатаму е лидер на табелата со 16 бодови.

Беса Влазрими сега е втора со 15 бодови, а пак третото место го делат Еуромилк ГЛ и Фортуна со по 14 бодови.

БВК Коњаре загуби во шесттото коло и со тоа е во средишниот дел од табелата со осум бодови го дели петтото емсто заедно со Ржаничино и Куманово, кој исто така загуби во оваа рунда.

Дури четири екипи имаат по шест бодови односно Аеродром, Кадино, Риниа и Академија Илинден. Бакими Љуботен со првото сезонско славје има пет бодови за 12. место, Њу Старс е претпоследен со четири бодови, а на дното е Пчиња со три бодови.

Шкендија Арачиново е прв фаворит за првото место кое води во баражот за Втора лига, но ќе има интересни и возбудливи мечеви до крајот, додека пак во долниот дел ќе биде вистинска мешаница за опстанок.

Александар Ванев, М-Нет