Во ЖИВО на М Нет дербито меѓу Еуромилк ГЛ и Шкендија Арачиново, недела од 15 часот

Шестото коло во Трета лига – Север ни го носи и дербито на колото меѓу поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ и Шкеднија од Арачиново, дерби за трите бодови и дербито за првото место кое води кон баражот за Втора лига.

Шкендија Арачиново има максимални 5 од 5 и 15 бодови на на своето конто и единствен третолигаш кој нема примено погодок во новата сезона. Еуромилк е втор откако во претходно коло одигра нула во дербито со БВК Коњаре, па трите бодови се императив и на двете страни.

Големото дерби меѓу Еуромилк ГЛ и Шкендија Арачиново ќе можете да го следите ексклузивно во живо само на М Нет телевизија, в недела од 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет