
Викендот ќе започне новата сезона во Третата кошаркарска лига на Македонија со натпреварите од првото воведно коло.
Како што претходно информираше М Нет телевизија вкупно 21 екипа ќе се натпреваруваат во новата сезона кои ќе бидат сместени во три групи со по седум екипи.
Феникс Баскет сезоната ја отвара против Куманово 2, Младинец ќе игра против Љуботен, Дибра Иглс ќе биде домаќин на Гостивар 2, Хераклеа ќе биде домаќин на Спортисмо, Овче Поле сезоната ја започнува дома против Конзули, Чаир 2 домаќин на Мега Баскет 2.
Екипата на Гевгелија ќе игра против Шкупи 2, Дино Баскет ќе игра против Баскет Кам, а пак Вардар 2 ќе се соочи со Ролинг.
Колку за потсетување во групата А ќе бидат екипите на Тетекс, Феникс Баскет, Куманово 2, Младинец, Гостивар 2, Љуботен и Дибра Иглс.
Во групата Б ќе бидат Конзули, Спортисимо, Хераклеа, Иба Баскет, Чаир 2, Мега Баскет 2 и Овче Поле.
Во групата В се екипите на Гевгелија, Струмица, Шкупи 2, Дина Баскет, Баскет Кам, Вардар 2 и екипата на Ролинг.
Александар Ванев, М-Нет