Наумов со тренерот Секуловски направи големи успеси во азискиот фудбал, а беше и најдобар стрелец во AFC натпреварувањето!

Во последното издание од спортскиот магазин Трибина на М Нет гостуваше Ристе Наумов каде разговаравме за неговата кариера која преку Брегалница, Цементарница 55 и Вардар со многуте погодоци го носи во Кипар, Чешка и Словачка, а потоа поранешниот репрезентативец заигра и во Азија.

Наумов вели дека азискиот фудбал е различен од европскиот истакна дека со тренер Марјан Секуловски ги направиле најголеми успеси.

Наумов е најдобар стрелец во AFC натпреварувањето второ по ранг натпреварување во Азија во 2015 година, што е голем успех за Наумов, кој додава дека азискиот фудбал е разлилчен од евроспкиот фудбал.

Повеќе македонски фудбалери настапувале заедно со македонскиот тренер Марјан Секуловски.

Наумов сега е дел од стручниот штаб на Брегалница кој со своето искуство помага Брегалница да се врати во Првата лига.

Александар Ванев, М-Нет