Македонските тенисерки Ѓорческа и Стоилковска забележаа порази на фјучрс турнирите во Турција односно Хрватска

Порази за македонските тенисерки на стартот на двата фјучрс турнирите на кои земаа учество. Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во турскиот град Кајсери беше поразена од руската тенисерка Екатерина Маклакова со 2:1 во сетови, додека пак пораз на стартот од турнирот на Бол во Хрватска забележа и македонската тенисерка Магдалена Стоилковска, откако загуби од Чинда Шефцликова од Чешка со 2:0 во сетови.

Ѓорческа на турнирот W50 Кајсери каде награден фонд изнесува 40.000 долари одлично го отвори натпреварот и имаше предност од 1-0 во сетови откако првиот сет и припадна со 6:3 во гемови, а имаше предност во сетот од 3:1 и 5:3 што беше клучно во овој сет за да го добие македонската тенисерка. Во вториот сет Русинката Маклакова поведе со 2:0 во сетови, но и при таков резултат Ѓорческа успеа да направи пресврт и да стигне до водство од 3:2 и постојано имаше предност од еден гем, па сетот се решаваше во тај брејк, на на крајот Русинката го доби истиот со 7:4 на поени за 1:1 во сетови. Руската тенисерка решавачкиот сет го доби со 6:3 по два часа игра.

Што се однесува до играта на Стоилковска првиот сет го загуби со 6:1 во гемови, а во вториот сет македонската тенисерка од 5:1 успеа да дојде до 5:5, а во 11-тиои гем имаше можност и за водство што ќе беше навистина одличен резултат, но тенисерката од Чешка направи брејк.

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска забележа пораз и во конкуренција на двојки во првото коло каде заедно играше со хрватската тенисерка Ноа Крзнариќ, а загубија со 2-0 во сетови од Нока Јурич од Словенија и Фани Норин од Шведска.

Александар Ванев, М-Нет