
Третата рунда ни го носи и кошаркарското супер дерби меѓу лутите ривали Работнички против МЗТ Скопје Аеродром.
Работнички тргна до две победи, а пак шампионот МЗТ Скопје со триумф, но потоа следуваше пораз во Битола од Пелистер.
На последните десет меѓусебни соочувања доминира МЗТ Скопје Аеродром со девет победи во однос на едната на Работнички од 25. јануари 2024 година.
Вардар на домашен терен ќе се соочи со Феникс каде и двете екипи ќе ја бараат првата победа во новата сезона, откако на стартот од истата имаа два порази од два натпревари.
ТФТ Скопје ќе бара три од три против Кожуф на домашен терен, а Тиквеш на домашен терен ќе атакува на прво сезонско славје против Гостивар.
Чаир одлично ја отвори новата сезона со две убедливи победи, па сега против новиот прволигаш Шкупи ќе бара три од три, а пак гостинот ќе се надева на изненадување.
Пелистер како фаворит на домашен терен ќе игра против новиот прволигаш Куманово, каде битолчани после големата победа над МЗТ Скопје повеќе од сигурно влегуваат максимално мотивирани за нова голема победа.
Сите натпревари се играат в сабота, освен мечот во Битола кој се игра в недела.
Александар Ванев, М-Нет