
Дебитантот во ракометната Суперлига доби нов тренер кој ќе го води во продолжението од сезоната, на тренерското столче седнува поранешниот селектор на женската репрезентација на Мкедонија, Владимир Глигоров.
Искусниот стратег веќе го превзема клубот и ќе има а цел да избори опстанок во ракометната Суперлига. Бисинов кој првпат настапува во Суперлигата има скор од еден триумф и шест порази во низа и со два бодови е на претпоследното место на табелата.
Досега клубот го водеше капитенот Ивица Илиев, кој беше тренер-играч, па во иднина искусниот ракометар ќе се посвети само на теренот како играч.
Во минататото Глигоров беше предводник на косовскиот Кастриоти со кој го освои Купот, последно го водеше женскиот тим на Спанга од Стокхолм, а ги водеше и Металург РА, Радовиш, Ѓорче Петров, Голден Арт, Вардар неготино, како и селекциите на Либан, Саудиска Арабија и Сирија.
Своето деби новиот тренер на Бисинов ќе го има токму против неговиот поранешен клуб Радовиш, меч кој ќе се одигра во СРЦ „25 Мај“.
Александар Ванев, М-Нет