
Министерството за животна средина до крајот на годината треба да распише тендер за изградба на регионална депонија кај светиниколското село Мечкуевци, каде што ќе се депонира отпадот од целиот Источен и Североисточен регион. Ова е крајниот рок, но постои оптимизам и дека тоа би моќело да се случи во наредната недела, бидејќи како што велат од министерството во моментот тече постапката за преводот на тендерската документација.
„Во меѓувреме ги усогласивме сите работи и тендерот се очекува во најскоро време да биде објавен. Ова е трет проект кој се однесува на зајакнување на капацитетите на општините во овие два региона. Проектите не можат да траат вечно, треба да го искористиме максимално знаењето на експертите, но без учество на Локалните самоуправи во иднина нема да може да имаме одржливост.”, истакна Мазнева-Карафиновска
По потпишување на договорот, регионалната депонија треба да биде готова за две години, истакна Ана Мазнева-Карафиновска од министерството за животна средина и додава дека треба да се инвестира во рехабилитација на патот што кој што води до регионалната депонија.
„Од потпишување на договор за градба за година ипол до две треба да биде завршена депонијата.”, додава Мазнева-Карафиновска
Предвидени се да бидат изградени претоварни станици за отпад во шест општини, а во Мечкуевци да биде главната постројка, каде отпадот ќе се преработува по европски стандарди. Проектот чини околу 40милиони евра, средства обезбедени од Европската Унија.
Лаура Стојанова, М-Нет