Започнаа активностите за припрема за асфалтирање на две улици во карбинското село Козјак

Започнаа подготвоките за припрема за асфалтирање на две улици во карбинското селото Козјак. Ваквиот проект е во рамките на Општина Карбинци без кал кои се работи заклучно со изминатите две години. Градоначалникот на општината, Виктор Паунов, истакна дека за оваа трета календарска година од неговиот мандат, се работи тековно се со цел репашавање на проблемите во општината и додава дека ови две улици се во рамките во најавените осум кои што беа предвидени од изминатата недела.

“Се наоѓаме во селото Козјак, овде продолжуваме со изградбата на оние инфраструктурни проекти кои што ги започнавме од неодамна, поточно се работи на две нови улици, кои што ќе се припремаат за асфалтирање во следниот период. Ова е во рамките на проектот Општина Карбинци без кал, што интезивно го работиме во изминативе две години, еве продолжуваме во ова трета календарска година од мојот мандат да работиме тековно, за решавање на овие проблеми.“, истакна Паунов

Активности се предвидени и во останатите населени места кои што се во склоп на овој проект, а како следен план се село Аргулица и Радање, додава Паунов.

“Овде нема да застаниме, нормално ќе застаниме и во другите населени места во рамките на овој проект, продолжуваме и понатаму со село Аргулица и селото Радање ќе биде предмет на изградба на три нови улици во следниот период“, додава Паунов

Со самата реализација на ваквиот проект, од една страна ќе се подобар условите како за пешаците, така и за возачите, но од друга страна ќе се овозможи подобри услови за живот.

Лаура Стојанова, М-Нет