
Започнаа активностите од втората фаза за изградба на булеварот Партизанска во Штип. Најпрво ќе се работи на подземната инфраструктура, со промена на водоводната линија. Потоа ќе се пристапи и кон асфалтирање. Со ова ќе ќе се поврзат населбите Осми Номеври и населбата Баби со булеварско решение. До почетокот на наредната година се очекува булеварот да биде целосно завршен.
„Моментално на втората фаза од проектот се работи на главната водовона линијја во должина од 600 метри. Проблематичен дел којшто, самата конфигурација како што можете да забележите ќе го отежне работењето затоа што на самата траса има објекти кој согласно поректот треба да бидат дислоцирани за да дојде до проширување на коловозните ленти до реализација на булеварското решение. Најпрво ќе се промени главната водовона линија, а подоцна и со трасирање на делницата која практично ќе се поврзе со булеварското решение“ – вели Јорданов.
Во наредниот период ќе бидат дислоцирани и станарите кои времено се сместени и живеат на овој потег. Јорданов посочи дека доколку тие не најдат соодветно живеалиште, Локалната самоуправа ќе пристапи кон обезбедување на нови типски куќи. Станува збор за шест до седум семејства, за кои во иднина треба да се реши станбеното прашање.
„Ние сме веќе во постапка и во комуникација со Станбен и деловен простор. Доколку тие не изнајдат соодветно решение за станарите на овие времени објекти како Локална самоуправа ќе обезбедиме решение со поставување на типски објекти.“ – додава Јорданов.
Новиот булевар Партизанска ќе биде целосно осветлен, со соодветна сигнализација, со четири сообраќајни ленти, велосипедска патека со што ќе се урбанизира овој потег во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет