
Денес се комплетираше 5. коло во Трета лига – Север, а дербито на петтата рунда го одиграа БВК Коњаре и поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ, кое заврши без голови и без победник (0:0).
Црвен картон заработи капитенот на екипата на БВК Коњаре, Нермин Бишевац уште во 1. минута од мечот, а пак претставникот на клубот, Алмин Смајовиќ во 16. минута доби црвен картон. Сепак, како што е заведено во официјалниот записник на мечот ќе има дополнителен извештај, па останува да видиме што ќе има од истиот.
Локално дерби играа Куманово и Пчиња, каде домаќинот со головите во финишот на мечот Тодоровски и Реџепи славеше со 2:0.
Новиот третолигаш Њу Старс на домашен терен играше против фаворитот Фортуна, каде немаше голови и победник (0:0), за голем бод на домашниот тим.
Аеродром против Риниа запиша триумф од 3:1 со двата погодоци на Александар Каланоски и голот на Сретан Каланоски.
Извештајот од вчерашниот натпревари е достапен на порталот на М Нет телевизија, истиот беше објавен во текот на вчерашниот ден.
Александар Ванев, М-Нет