Слога Виница го декласираше Светлост, Турново го доби дербито на колото во Свети Николе

На денешниот натпревар од 5. коло во Трета лига – Исток се испиша историја во македонскиот фудбал, откако на дуелот меѓу фаворитот Слога Виница и новиот третолигаш Светлост од Зрновци, правдата ја делеа три судијќи.

Главен арбитар беше Виолета Јанчева од Гевгелија, а нејзини помошнички беа Снежана Илиевска од Македонска Каменица и Александра Спасова од Свети Николе, додека пак делегат на мечот кој се одигра на Градскиот стадион во Виница беше Гордана Кочева од Валандово.

Слога Виница сосема очекувано беше апсолутен фаворит, момците на штипскиот стратег Емил Грнев се први фаворити за првото место и баражот за Втора лига, а денес против Светлост, каде домаќинот го декласираше гостинот со 0:6.

Кристијан Ристовски и Октај Амедов беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Амар Исљам, Давид Ристовски, а беше поништен голот на Сали. Двата погодоци беа од пенал, а мечот имавте можност да го следите ексклузивно во живо на М Нет телевизија.

Дербито на 5. колото во Трета лига – Исток се одигра во Свети Николе каде се соочи Овче Поле против поранешниот прволигаш Хоризонт од Турново, каде гостинот ги освои трите бодови со 1:2. Сашко Пандев во 5. минута погоди за 0:1 на полувреме. На стартот од вториот дел Нацев израмни на 1:1.

Во 55. минута Черкезов постигна гол за конечни 1:2.

Тиверија во Струмица го пречека тимот на Дојранско Езеро каде забележа голем пораз од 0:3 со головите на Ашовалиев, Јанкулов и Илиев.

Во Делчево силите ги одмерија Брегалница и Ударник од Пирава каде домаќинот беше фаворит, а домаќинот славеше со 4:0 со головите на Илиев кој беше двоен стрелец и Стаменовски и Ратков.

Малеш на домашен терен се соочи со Карбинци каде запиша прва победа од 1:0 со голот на Пачарски.

Александар Ванев, М-Нет