Денес во ЖИВО на М Нет: Слога Виница против Светлост Зрновци, од 14 часот

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија | Тренинг на екипата на Слога Виница

Гледачите на М Нет телевизија денес ќе имаат ексклузивна можност да го проследат натпреварот меѓу Слога Виница и Светлост од Зрновци, од 5. коло на Трета лига – Исток, кој се игра на Градскиот стадион во Виница.

Соочување на големиот фаворит Слога која е предводена од штипскиот стратег Емил Грнев и новиот третолигаш Светлост од Зрновци, кој во Виница оди по изненадување.

Овој меч ќе го одбележи и историски моменти бидејќи за првпат во историјата на македонскиот фудбал судиите и делегатот се жени. Главен судија на натпреварот ќе биде Виолета Јанчева од Гевгелија, прв помошик на Јанчева ќе биде Снежана Илиевска од Македонска Каменица, а пак втор помошен судија ќе биде Александра Спасова од Свети Николе.

За делегат на натпреварот е делегирана Гордана Кочева од Валандово, додека пак Јордан Гицов од Кочани ќе биде контролор на средбата во Виница.

Слога Виница е прв фаворит за првото место и баражот кој води кон можен пласман во Втора лига, оваа сезона Слога Виница сака со максимален учинок враќање во второлигашкото друштво.

Директниот пренос на М Нет телевизија ќе започне во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет