
Преку обуки пред се во областа на дигиталните техники младите да се реализираат самите себе е целта на Општина Штип. Се работи на проект преку кој и се дава можност на младите лица од општината кои се без работа да инвестираат во себе, да се развијат, со цел да продолжат да работат и егзистираат во своето родно место. Ова е само една од активностите кои се преземаат од страна на Локаланата самоупрва со цел да се задржат младите во државата, да разијат сопствен бизнис и да не заминуваат на работа во Хрватска, Германија, Италија и слично.
„Штип е доста перспективен град, по бројките кои ги добиваме од Агенцијата за вработување многу се ниски стапките на невработени лица. Јас сметам дека младите би требало малку повеќе да бидат посветени на развој на сопствени бизниси заради тоа што секоја нова идеа доколку добро се развие дефинитивно ќе добие успешна реализација. Што значи дека ние веќе имаме и еден концепт за проект со кој сите оние млади кои или немаат работа или би сакале да се реализираат во друга област да ги насочиме, да и овозможиме обука и да се надеваме дека ќе може да се реализираат пред се во областа на дигитализацијата“ – вели Шорова-Ангелова.
Во изминатиот период се работеше и на реконструкција и обнова, како и создавање нови локации со уредување на спортски и детски содржини. Шорова-Ангелова посочува дека се работи и за најмалите во градот, бидејќи здравите навики и љубовта кон родното место се создаваат од мали нозе.
„Целта на ваквите проекти е да гиизвадиме децата од нивните домови, да ги тргнеме од мобилните телефони и да ги мотивираме да учествуваат во што поголем број на социјални активности. За да ја постигнеме таа цел ни беше јасно дека мора да ги обновиме сите спортски и детски содржини во нашиот град, заради тоа што децата од нашиот град заслужуваат да имаат уреден и убав простор, независно во која населба и во кој дел од градот живеат.“ – додава Шорова-Ангелова.
Во склоп на ова се упати апел да се чува она што се создава со цел да може да се користи подолго време.