
Благој Јованов од Штип повеќе од 25 години се занимава со пчеларство, а последните пет години тоа го работи и професионално. Заедно со неговиот брат има околу 200 пчелни семејства од кои произведува најразличен мед и пчелни производи.
„Со пчеларство се занимавам повеќе од 25 години, од кои последмите пет професионално. Заедно со брат ми имаме околу 200 пчелни семејства, на различни локации, на надморска височина од 300 метри квадратни до 1100. Бојата на медот е различна, темната боја е карактеристична за планинскиот мед. Во мали количини произведуваме и матичен млеч, перга, прополис, восок и сѐ останато“ – вели Јованов.
Оваа година приносот на мед е минимален и се движи од четири до шест килограми по пчелно семејство, вели Јованов. Ова е резултат на долготрајните суши, последните неколку месеца. Дополнително влијание имаа и пожарите изминатиот период.
„Со приходот од приносот, мислам дека таа цена е реална. Во балканските земји цената се движи од девет до 12 евра, со исклучок на Босна и Албанија каде цената е 15 евра. Оваа година можеме да се пофалиме со многу добар квалитет, оти годината беше „печена“, ама тоа кратко траеше. После фати сушата и сите медоносни растенија и индустриски престанаа да медат.“ – вели Јованов.
И покрај тоа што може да се произведува органски мед, купувачите не го препознаваат туку бараат мед по пониска цена. Пазарите се преплавени со лажен мед вели Јованов и апелира до надлежните инспекции да излезат на терен.
За да продолжат пчеларите да се занимаваат со одгледување пчели и поризводство на мед потребно е да има и добар откуп, вели Јованов. Во спортивно на пазарот ќе се нуди само „лажниот“ мед по пониски цени.