
Да се посетува психолог според граѓаните на Штип во денешница е табу тема. Стрес, паника, криза, нервоза се причини за нарушување на менталното здравје.Пред камерите на М-нет телевизија анкетираните велат дека иако сите знаат дека одењето на психолог е добро, исто како одењето на лекар, ама сепак на дело тоа не се практикува, бидејќи се уште постои старото размислување од типот „Што ќе кажат другите“.
“Многу ретко, кај нас тоа е табу тема. Здраво е знаеме дека е здраво, ама ете не се посетува ние сме уште на тоа старото , што ќе рече народот. А би требало и млади и стари да одат, бидејќи имаат потреба.”, велат граѓаните
„Страдат и тоа се повеќе, од порано од пред 20 години. Причини мислам дека е загаден воздух, не исправна храна,. Стресот исто нормално.“, додаваат граѓаните
Покрај што стресот знае да биде причина за нарушување на менталното здравје, истиот според граѓаните може да биде опасен и да предизвика и физичка попреченост или отежнување во говорот.
“Па доста знам, кај нас барем, што посетуваат, тие што пак не зборуваат, тоа е веќе Божја работа.“, изјавија граѓаните
Она што останува понатаму е тоа колку во денешницата луѓето знаат да го негуваат своето ментално здравје, исто како одењето на рутински прегледи кај матичните лекари. Дали советот од психолозите да се негува умот ќе остане совет кој ќе се практикува низ секојдневнието е прашање на кое секој треба да пристапе и да си одговори.