
Утре ќе се одиграат натпреварите од 5. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток, а гледачите на М Нет телевизија ќе имаат ексклузивна можност да го проследат натпреварот од Виница каде ќе се соочат поранешниот второлигаш Слога Виница и новиот третолигаш Светлост од Зрновци.
Слога Виница е прв и главен фаворит за освојување на првото место кое води кон баражот за можен пласман во Втората лига, екипата на Слога Виница е лидер на табелата и засега оди со максимален учинок на патот кон враќање во Втората лига.
Гостинот од Зрновци е на дното од табелата со само еден бод и за него гостувањето во Виница ќе биде повеќе од тешко и ќе биде вистинска сензација ако се случи изненадување.
Овој меч го одбележува историски момент за македонскиот фудбал со тоа што за првпат на еден фудбалски натпревар се делегирани три женски судии, односно Виолета Јанчева од Гевгелија ќе биде главен судија на натпреварот кој се игра на Градскиот стадион во Виница, прв помошен судија ќе биде Снежана Илиевска од Македонска Каменица, а пак Александра Спасова од Свети Николе ќе биде втор помошен судија.
За делегат на натпреварот е делегирана Гордана Кочева од Валандово, а пак контролор на натпреварот ќе биде Јордан Гицов од Кочани.
Преносот од Виница на М Нет телевизија ќе започне во 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет