Штипски Мал Ајакс сезоната ја започнува против Кратово, Победа против Карадаку

Овој викенд започнува новата сезона од Втората футсал лига на Македонија со натпревари од првото коло. Како што веќе информираше М Нет телевиизија во новата сезона ќе се натпреваруваат 13 екипи, првите две места водат кон директен пласман во Првата футсал лига на Македонија.

Кораб на домашен терен во Дебар ќе го пречека Партизан Југ, ССК против Балкан, а пак Конзули ќе игра против ланскиот прволигаш Овче Поле, интересно е тоа што овој меч наместо во Битола ќе се одигра во Свети Николе, па така Овче поле формално ќе биде гостин. Овие натпревари ќе се одиграа в сабота.

Во недела Победа на домашен терен ќе игра со ланскиот прволигаш Карадаку, Мал Ајакс во Штип ќе се соочи со Кратово, а пак првата рунда ќе се комплетира в понеделник со мечот меѓу Енхалон и СЕЕ Университи во Струга.

Во рамки на првото коло слободна ќе биде екипата на Каршиака.

Александар Ванев, М-Нет