
В недела ќе се испише историја во македонскиот фудбал, откако на натпреварот од 5. коло во Третата македонска фудбалска лига – Исток меѓу Слога Виница и Светлост од Зрновци сите официјални лица ќе бидат жени.
Виолета Јанчева од Гевгелија ќе биде главен судија на натпреварот кој се игра на Градскиот стадион во Виница, прв помошен судија ќе биде Снежана Илиевска од Македонска Каменица, а пак Александра Спасова од Свети Николе ќе биде втор помошен судија.
За делегат на натпреварот е делегирана Гордана Кочева од Валандово, а пак контролор на натпреварот ќе биде Јордан Гицов од Кочани.
Ова е историја за македонскиот фудбал и за Третата македонска фудбалска лига – Исток, сите официјални лица на натпреварот да бидат жени.
Доне Ристовски од Гевгелија ќе ја дели правдата во Свети Николе каде ќе се соочат Овче Поле и Хоризонт Турново во дербито на колото.
Главен судија во Берово каде ќе играат Малеш и Карбинци ќе биде Тоше Џамов од Кочани, во Струмица ќе патува Здравко Костовски кој ќе им суди на Тиверија и Дојранско Езеро, а пак делител на правдата во Делчево каде ќе играат Брегалница и Ударник ќе биде Спире Арсов од Кочани.
Сите натпреварит се играат в недела од 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет