ФК Вардар доби нов сопственик од Унгарија!

ФОТО: ФК Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар има нов сопственик од Унгарија. Информацијата за новиот сопственик на македонскиот прволигаш беше објавена на профилот на Вардар на социјалната мрежа„X“.

Во објавата која беше објавена од страна на ФК Вардар на „Х“ се вели дека новиот сопственик од Унгарија има превземено 85% од акциите на АД ФК Вардар, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото. Како што е наведено во објавата сопственикот е Атила Бижен Жалили.

„Од 07.10.2024-та, по предходно потпишан договор,заверен со нотарски акт UZP 6630/2024, од страна на новиот сопственик Атила Бижен Жалили превземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото. Следи финансиска, организациона и резултатска консолидација на ФК Вардар“, се вели во соопштението на ФК Вардар на социјалната мрежа „Х“.

Вардар се наоѓа во долниот дел од табелата во опасната зона со седум бодови, а после репрезентативната пауза ќе игра со Беса во Гостивар.

Александар Ванев, М-Нет