
Каратистите на карате клубот Штип овој викенд земаа учество на Меморијалниот турнир „Никола Грдановски – Нике“ во Скопје од каде се враќаат со големи успеси и со над 20 нетали и четири пехари.
Скоро сите каратисти освоија медали, па така златни медали освоија Марко Џорлев, Никола Митев, Никола Трајков, Павле Басаров, Паола Арсова, Мила Панчева.
Во екипно кадети беше освен златниот медал, а златен медал беше освоен екипно јуниори.
Карате клубот Штип е прогласен за најуспешен клуб на турнирот во кумите (борби).
Уште една потврда на одлична работа на каратестите на штипскиот клуб кој во Штип носат многу медали и пехари.
Александар Ванев, М-Нет