
Добар мајстор, искуство, љубов кон она што се работи и на крај добри производи се потребни за подготовка на одличен струмички ајвар. На овогодинешната „Ајверијада 2024“ домаќинките од струмичко покажаа како се подготвува најдобриот според нив ајвар во државата. Велат дека ова го прават секоја година, и веќе го знаат и рецептот и начинот на подготовка. Затоа за нив не е тешко, туку преставува задоволство.
„20 килограми пипер, килограм и половина доматело, исто толку зејтин, пет до шест модри патлиџани, магданос по вкус.“ – велат домаќинките.
Освен за себе и за своите семејства ајвар подготвуваат и за извоз. Најчесто Швајцарија е државата каде се извезува и пордава македонскиот ајвар. Порачки има доволно и постојано се работи децидни се домаќинките од струмичко.
„До сега сум направила 480 тегли.“ – додаваат тие.
Со сегашната цена на ајварот не е исплатливо да се прави како некогаш велат тие, бидејќи торшоците се многу големи. Ама од друга страна сопственото производство на пипер ја олеснува работата за да продолжат и понатаму да подготвуваат ајвар и да го продаваат и надвор од државата.
Лаура Стојанова М-Нет