
Денес Општина Штип распишува јавен повик за невладини организации кои што работат на полето на родовата рамноправност. Раководителот на секторот за образование и јавни дејности при општина Штип Снежана Санева истакна дека апликациите ќе траат 15 дена, што значи дека последниот рок е до 20 октомври. Таа ги повика сите здруженија на граѓани кои што работат на ваквата тематика да аплицираат со своите проекти.
„Денес Општина Штип распишува јавен повик за невладини организации кои што работат на полето на родовата рамноправност и еднаквите можности. Значи еве во оваа прилика ги повикуваме сите здруженија на граѓани, кои што работат на таа тематика, да аплицираат со своите проекти и да влезат во програмта за еднакви можности на Општина Штип за 2025 година. Значи денес се распишува и ќе трае 15 дена, што значи последниот рок е до 20 октомври
Приоритетните области и цели се
Подобрување на пристапот на жените до квалитетни здравствени и социјални услуги, подобрување на економската положба на жените во Општина Штип, зголемено учество на жените во општествениот живот, спречување на родовото базираното насилство, како и собирање родово разделена статистика.