Шкендија Арачиново ќе гостува кај Пчиња, Еуромилк ГЛ домаќин на Аеродром

Утре ќе се одиграат натпревари од 4. коло на Трета лига – Север, во рунда каде Еуромилк ГЛ на домашен терен ќе игра против Аеродром, во меч каде некогашниот прволигаш ќе биде голем фаворит за трите бодови.

Шкендија Арачиново ќе гостува кај екипата на Пчиња, во меч каде гостинот ќе биде фаворит за трите бодови против новиот третолигаш.

Поранешниот второлигаш Кадино на домашен терен го очекува тежок меч против БВК Коњаре, Риниа ќе игра со новиот третолигаш Њу Старс на домашен терен.

Башкими Љуботен ќе ги бара првите бодови во новата сезона против ланскиот шампион Куманово, кој е во изменет лик во однос на ланската сезона.

Фортуна на свој терен ќе го пречека тимот на Академија Илиден, а пак Беса Влазрими ќе игра со дебитантот Ржаничино.

Во тековната сезона Шкендија Арачиново и Еуромилк ГЛ ќе водат борба за првото место кое води кон баражот за Втората лига, а нивното соочување ќе биде во рамки на 6. коло.

Александар Ванев, М-Нет