Кочани на врвот од Втората женска фудбалска лига, Борец на дното без бодови

ФОТО: Телевизија М Нет

По три одиграни натпревари во Втората женска фудбалска лига екипата на Кочани е на врвот од табелата со максимални девет бодови на своето конто.

Поранешниот прволигаш тргна одлично во новата сезона, во сезона во која ќе биде фаворит за првото место кое води директно во Првата лига.

На второто место на табелата е Вардар со седум бодови, ланскиот вицешампион кој не го помина баражот за Прва лига, сезоната ја отвори со реми против радовишка Плачковица, а потоа забележа две високи победи.

Билјанини Извори по лошиот старт врза две победи и дојде до третото место со шест бодови, а одлично тргна и Победа Валандово која е четврта со пет бодови.

Порече има четири бодови и се наоѓа на петтото место на табелата, радовишка Плачковица е на шесттото место со ден бод колку што има и дебитантот Слободен, а на дното без бодови е Борец.

Александар Ванев, М-Нет