Реми во Гевгелија и Автокомада, победа за лавовите и рударите, Осогово слави над Борец

Во рамки на 6. коло од Втората лига на М Нет телевизија го следевте дербито од Гевгелија каде се соочија Кожуф и Детонит Плачковица, во меч каде императив беа трите бодови и за едни и за другите.

Натпреварот заврши без победник (0:0) и со два црвени картони, еден кај домашниот, еден кај гостинот.

На спортскиот канал М Нет Спорт имавте можност да го следите мечот меѓу Вардарски и Македонија ЃП, каде ланскиот прволигаш беше фаворит за трите бодови во дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Богданци, а кој заврши со триумф за лавовите од 0:2 со головите на Христов и Размоски.

Во Автокоманда се соочија Скопје и Брегалница каде немаше голови и победник (0:0).

Каменица Саса на домашен терен силите ги одмери со Арсими каде рударите преку пресврт стигнаа до победа од 2:1. Димески и Симевски погодија за домаќинот, за гостинот Цуцули.

Новаци по добиените службени три бодови од Македонија ЃП, денес на домашен терен со Беласица одигра 0:0.

Осогово како домаќин против Борец славеше со 1:0 со голот на Симоски.

Победа на домашен терен се судри со Охрид каде Дуков обезбеди победа за гостинот од 0:1.

Вардар Неготино како домаќин играше на СЦ „Пандев“ во Струмица, откако теренот во Неготино беше суспендиран против екипата на Башкими во меч каде гостинот со голот на Хамза славеше со минимални 0:1.

Александар Ванев, М-Нет