Се менува половина век старата водоводна линија на улицата „Иво Лола Рибар“ во Штип

Започнаа активностите за промена на водоводната мрежа на улицата „Иво Лола Рибар“ во населбата Стар Конак во Штип. По повеќе од половина век ќе се промени целата стара и дотраена водоводна линија, а ќе се работи и на нови приклучоци. Градоначалникот, Иван Јорданов, замоли за трпение од страна на граѓаните од овој дел на градот додека се изведуваат активностите на терен, со цел да се решат проблемите стари и по 50 години.

„Овде е планирано да се изврши целосна реконструкција на улицата која со годините наназад е амортизирана, униптена, заради честите прекопи кои со годините наназад ЈП Исар ги изведувало за санација на водоводната мрежа. Повеќе од 50 години старата водоводна линија ќе биде исфрлена од употреба. Наредните денови ќе се работи на нови приклучоци. Со оглед на тоа барам трпение од граѓаните бидејќи станува збор за специфична конфигурација за тешко достапена улица“ – вели Јорданов.

Освен решавање на проблемот со водовоната линија на улицата „Иво Лола Рибар“, се работи и на неколку останати локации во градот. Во наредниот период ќе се менува водоводната мрежа и на неколку улици во населбата Автокоманда во Штип.

„Целта е да се реши проблемот со водоводната линија, да се променат сите подземни инсталации кои ги има на неа. Во наредниот период освен улица Иво Лола Рибар ќе се работи во Автокоманда на улицата 4 јули каде ќе се изврши промена на подземната инфраструктура, а потоа ќе се нанесува асфалтен слој. Во овој момент се работи во населбата Леваци. Штип ќе стане големо градилиште во перидот кој следи“ – вели Јорданов.

Јорданов посочи дека инфрастурктурно ќе се работи на голем број проекти во градот со цел граѓаните да добијат подобро и помодерно место за живеење.

Лаура Стојанова М-Нет