
Правните лица кои ќе бидат дел од манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2024 година“ задолжително да имаат фискален систем и да издаваат фискални сметки. Од УЈП апелираат правните лица да бидат навремено подготвени за манифестацијата, а граѓаните задолжително да бараат фискална сметка за услугата која ја добиваат.
„Правните лица кои би учествувале на оваа манифестација имаат обврска да користат одобрен фискален систем на опрема, однонсно да издаваат фискални сметки.“ – вели Данкова.
Освен правните лица, кои треба да издаваат фискални сметки, физичките лица кои на манифестацијата ќе бидат од времен каратктер треба да платат данок на доход. Тоа значи дека продавачите на пуканки, кафе и сококови и слично, треба да поднесат барање до УЈП за паушално плаќање на данок на личен доход.
„Физичките лица кои продаваат пуканки, палачинки, кафе, сокови, кои би учествувале на оваа мнаифестација имаат обврска до УЈП да поднесат барање за паушално плаќање на данокот на личен доход.“ – додава Данкова.
Од УЈП посочуваат дека екипи посотојано ќе бидат на терен за време на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Затоа апелираат правните и физички лица да имаат соодветен фискален систем, односно да пријават и платат данок на личен дохоод. Во спортивно ќе следуваат казни. Казните за физичките лице се од 50 до 250 евра во денарска противредност, додека за правните лица во зависност од големината на правниот субјект се во висина од 300 до 10 000 евра.
Лаура Стојанова М-Нет