
Во минатото луксуз, а сега потреба е возачката дозвола барем кај еден член во семејството велат штипјани. Децидни дека е многу корисно за секој возач, но и за извршување на секојдневните обрврски. Како што велат тие на високи стандарди и цени, не е исплатливо секојдневно обврските да ги извршуваат и да се превезуваат со такси бидејќи самиот старт е 70 денари, па понекогаш се одлучуваат да го користат и јавниот превоз.
„Јас имам веќе околу 30 години, веќе два пати ја продолжувам. Па едно време беше луксуз, а сега е потреба за да имаш возачка и возило, тоа е по мое има и други факти. Па како не е корисно тоа треба сите, секој возач кој има возачка дозвола, без тоа тешко е да се возе автомобил или било што. Дозволата е битен фактор за возачите, преку 30 години имам возачка дозвола, на 19 години имам положено за возач, па рачунајте колку е имам и Ц категорија.“- изјавиа граѓаните
Анкетираните навмено си ги извршиле своите обврски за промена на возачката дозвола, соогласни дека сега нема гужва и не чекаат ред, дел од нив обврската ја завршиле многу порано, во моментот кога се донесе законот.
„Пред време ние ја обновиме. Обновиме ја и јас ја обнови уште кога се реши законо веднаш после тоа ја обнови и личната карта и возачката дозвола.“ – додаваат граѓаните
Инаку Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните кои возачките дозволи им се со старото уставно име да ги променат до крајот на годината односно до 31 декември.
„Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31. декември, без никакво доцнење и гужви.“- соопшти МВР
Лаура Стојанова, М-Нет