Граѓаните во тесно вадат кредити, долгот кон банките 7,6 милијарди евра

Граѓаните кога се во тесно за пари се орентираат кон потрошувачки кредити, според статистки на Народната банка. Затоа долгот кон банките достигна вредност од 7,6 милијарди евра од страна на граѓаните и компаниите.

Анкетираните граѓаните за М-Нет телевизија велат дека покрај стандардите, цените на продуктите и месечните примања , приморани се и имаат потреба од кредити, па не гледаат на каматната стапка. Но додаваат дека кога доаѓа време за исплата е многу тешко да се вратат затоа што каматната стапка е голема.

„Кредитите ги вадат за тоа што имаат потреба, зависи од кои кредити, ако е брз кредит, тоа е нешто што во моментот на луѓето им е многу итно, па не гледаат на каматната стапка, меѓутоа кога ќе дојде време да ги враќат, тогаш се чудат зошто толку враќат, земале помалку. Повеќе се злоупотребуваат картичките од младите. Тешко е затоа што се огромни камати, ако земете 30 илјади ќе треба да вратите 50 дупло. Банките повеќе ограбуват за разлика од брзите кредити, затоа што да влезете во банката да извлечете пари треба да платете, да ви дадат потврда треба да платете, за извештај се плаќа. Тоа никој не го контролира, а се воде книговотство за цела година и наплаќа дупло, за секој закаснат ден имаш камата од 50 или 30 денари. Од сиромаштија, не стига, пензии не стигнуваат, тоа е вештачки и затоа мора да преживееме, мора да ваде кредити, а тие брзите кредити се катастрофа, тоа е пљачкање на народот.“ – велат граѓаните

Инаку според статистиката на Народната банка годишното зголемување достигна вредност од 7,5 проценти, а тоа потврдува дека приватните и службените активности во ситуација кога имаат потреба од пари одбираат кредити.

Лаура Стојанова, М-Нет