
Над илјада вработени со договор на дело во болниците треба да добијат решение за да може да се прават нови договори на дело. Потребата од медицински и немедиински кадар во болниците е голем, а огромен дефицит има и во КБ Штип. Министерот за здравство Арбен Таравари при денешната посета во штипската клиничка болница посочи дека има интерес од страна на доктори за вработување во оваа болница со што би се намалил дефицитот на кадар. Најголемиот недости е на хигеничари, болничари и друг медицински персонал.
„Јас се надевам дека набргу еден голем дел од дефицитот на кадарот ќе се надмине со прватните специјализанти, има интерес од одредени доктири кои се пријавени и се надевам дека од тие 300 доктори дел од нив, повеќе од 10 ќе ги ангажираме во Штип.“ – вели Таравари.
Директорот на болницата, доктор Владко Захриев посочи дека најкритично е на анестезија, но недостиг на кадар има во сите оддели.
„Дефицитарни се сите одделенија. Најалармантно е на анестезија, на ортопедија, на гинекологија, исто така ни фалат доста општи хирурзи бидејќи со самата субспецијализација имаме недостиг и на општи хирурзи.“ – вели Захариев.
Недостигот на доктори во болниците ќе се надокнади со приватните специјализанти, а до крајот на годината се очекува да се ангажираат нови десет доктори во штипската болница.
Лаура Стојанова М-Нет